На залиха
Дали барате луксузен подарок со кој некого ќе оставите без зборови? Или пак само сакате да се почaстите себеси со нешто што е навистина посебно? Ова е знакот дека не треба да барате понатаму.
The Chesterfield Brand луксузните гифт сетови претставуваат комбинација на стил, луксуз и функционалност во еден неверојатно елегантен и компактен сет кој никого нема да остави рамнодушен. Спакувани се во стилска брендирана магнетна кутија и дизајнирани така да претставуваат комплетен и внимателно одбран подарок кој ќе ги фасцинира и најпребирливите.
Овие гифт сетови се комбинација од 4 кожни производи практични за секојдневна употреба. Тоа гарантира дека како подарок, овој сет одговара за било каква пригода.
| Должина | 27cm |
|---|---|
| Ширина | 26cm |
| Висина | 5cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овие производи се направени од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.