На залиха
Патната кожна торба Liam ќе стане вашиот омилен придружник за сите патувања. Liam поседува уникатната елеганција која без напор ќе се вклопи и ќе додаде шмек во вашиот стил.
Оваа кожна патна торба има совршена средна големина (46*27*28) и пратичност така што ќе ви овозможи со вас да ги земете сите потребни работи за вашата нова авантура, а преградата со патент безбедно ќе ги чува пасошот и останатите важни документи.
Полнозрнестата мека Cow Wax Pull Up кожа од која е направена оваа торба ќе ви обезбеди поголема удобност, а дополнителниот ремен за на рамо ќе ви го олесни патувањето до вашата дестинација.
| Должина | 46cm |
|---|---|
| Ширина | 24cm |
| Висина | 28cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Cow Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.