На залиха
Дали при секое ваше излегување носите многу работи со вас? Во тој случај за добра огранизација ви ја предлагаме кожната чанта Laveno. Оваа машка кожна чанта е дизајнирана имајќи ја предвид практичната употребливост и нуди сè што ви треба за да бидете организирани додека сте во движење. Визуелно ја карактеризира минмалистички, суптилен но елегантен дизајн соодветен за секоја пригода и аутфит.
Laveno има еден простран главен џеб што се затвора со патент на горната страна. Внатре ќе најдете два практични џеба, еден дизајниран за вашиот телефон и друг со патент. На овој начин, секогаш ќе ги имате најважните работи на дофат на рака без да треба да копате по чантата.
Дополнително на предната и задната страна ќе најдете по уште еден џеб со патент за помали работи.
Прерамката за рамо е прилагодлива и ви овозможува удобно да ја носите чантата на начин што ви одговара.
| Должина | 17cm |
|---|---|
| Ширина | 6cm |
| Висина | 22cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand.Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.