Патна Торба Кожна William – Црна

15.990 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

William е кожната патна торба која ќе ви донесе посебен стил и шмек во секое патување! Оваа преубава патна торба, покрај кул изглед ви овозможува и многу простор за сите ваши работи благодарение на своите големи димензии (53x27x28 см). Токму затоа е погодна како за патувања така и за спортски активности или пак викенд авантури.

Големата главна преграда од дури 43 литри се затвора со квалитетен метален патент, а внатре се наоѓа и посебен дополнителен џеб со патент кој ќе ви помогне полесно да се организирате и да ставите вашите најважни работи одвоени од се друго и секогаш на дофат на рака. Оваа елегантна патна торба е изработена од првокласна 100% полнозрнеста Wax Pull Up кожа која е неверојатно мека и убава на допир. William доаѓа со прилагодлив ремен за носење на рамо кој по потреба е отстранлив, а рачките на врвот се екстра широки и удобни доколку повеќе преферирате да ја носите во рака.

Должина

53cm

Ширина

27cm

Висина

28cm

Боја

Црна

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Патна Торба Кожна William – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form