Нема на залиха
Елегантен и суптилен дизајн за оние со око за најситни детали кои ја ценат функционалноста. Запознајте ја бизнис чантата Santiago. Santiago е практична кожна лаптоп торба со модерен и минималистички дизајн и изглед направена од најквалитетна говедска кожа. Совршена е за оние на кои им значи практичноста кај некој производ. Има две главни прегледи за да можете да ги чувате сите ваши работи на прегледен и уреден начин. Во едната преграда има посебен дел со засилен материјал за безбедно чување на вашиот лаптоп до 14 инчи, а вп втората главна преграда има повеќе организери и помали прегради како и еден џеб со патент за вашите најважни работи.
Santiago има и отстранлива рачка за рамо, што ви овозможува поудобно носење на чантата доколку во нејзе имате потешки работи. На задниот дел ќе најдете и рачка за закачување на торбата на вашиот куфер за олеснување на товарот кога ќе патувате.
| Должина | 32cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 28cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.