На залиха
Ова е кожната женска чанта Lunera – совршен модел за секој што бара стилска и уникатна чанта која не може да помине незабележано. Оваа компактна кожна чанта има и одлична организација и поделба во преградите со што добивате изненадувачка прегледност и доволно простор и во внатрешноста.
Главниот дел е добро организиран со три дела, при што средниот е безбеден џеб со патент. Страничните џебови се со магнетни затворачи, совршени за работи како футрола за очила, полнач, клучеви или други слични работи. Внатре ќе најдете дополнителна практична преграда, слотови за четири картички, две пенкала и џеб за телефон.
Lunera однадвор ја карактеризираат две стилски цврсти рачки што ви овозможуваат да ја носите Lunera елегантно во рака. Секако, доколку претпочитате да ја носите на рамо или преку цело тело, тука е прилагодливиот ремен кој лесно се вади и става по потреба.
| Должина | 22cm |
|---|---|
| Ширина | 9cm |
| Висина | 18cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.