Чанта Женска Кожна Rivera – Црна

11.790 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Rivera е елегантна кожна бизнис чанта, создадена за современи жени кои сакат ред, функционалност и стил во секој работен ден.

Со својот чист и модерен дизајн, оваа чанта лесно се вклопува во вашиот аутфит и совршено го надополнува деловниот изглед, оставајќи впечаток на доверба и префинетост.

Главната преграда кај оваа кожна чанта ви нуди практична организација која по желба дури може и да се подели со внатрешна преграда со патент и по потреба може да се прикачи или отстрани со помош на копчињата. Ова ви дава флексибилност и можност да ја организирате чантата и работите во неа како што сакате.

Дополнително Rivera во внатершноста има и засилена и обложена преграда за лаптоп до 14 инчи, која обезбедува сигурност и заштита на лаптопот.

Чантата доаѓа со отстранлив ремен за рамо, што ви овозможува да ја носите по желба како чанта во рака или преку рамо, во зависност од ситуацијата и стилот кој го имате замислено.

Со својата функционална внатрешност, префинет изглед и внимателно осмислени детали, Rivera е идеален избор за деловни денови – елегантна, практична и секогаш со стил.

Должина

34cm

Ширина

13cm

Висина

29cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Rivera – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form