Нема на залиха
Барате кожна женска чанта што без проблем може го прати вашиот ритам во секоја ситуација? Запознајте ја Ann – дизајнирана за жени кои бараат комбинација на модерен стил и функционалност. Од секојдневни обврски до спонтани излегувања, оваа чанта може да се носи со секој предизвик. Со својот безвременски дизајн и практичен распоред, Ann е повеќе од само чанта – таа е стилски додаток што лесно ќе се вклопи и ќе го надополни секој ваш аутфит.
Во внатрешноста на главната преграда, под преклопот со магнетно затварање, ќе најдете доволно простор за сите ваши основни предмети како што се телефонот, паричникот, футрола за очила, слушалки, шминки и слично. А благодарение на двата дополнителни џеба во главната преграда, вклучувајќи еден со патент, вашите работи остануваат уредно организирани и прегледни. Дополнително, под преклопот како и на задната страна, ќе најдете уште две дополнителни прегради, идеални за предмети кои често ги користите и сакате да ви се на брз дофат на рака.
Ann има прилагодлив ремен за на рамо, што ви овозможува да ја носите онака како што одговара на вашиот стил во моментот – преку рамо или крос-боди.
Со својот елегантен изглед, модерен дизајн и практични карактеристики, Ann совршено ќе се вклопи во вашиот динамичен живот и ќе стане ваш незаменлив додаток без разлика што правите и каде се движите во текот на денот.
| Должина | 25cm |
|---|---|
| Ширина | 5cm |
| Висина | 17cm |
| Боја | Vintage Rose |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Washed Waxed Pull Up Leather |
Оваа чанта е изработена од вискоквалитетна Washed – Waxed Pull-Up кожа. Овој тип на кожа е комбинација на две различни техники на изработка со цел на крај да се добие еластична текстура и екстра мека кожа на допир. По штевењето, чантата уште еднаш дополнително рачно се премачкува со природен восок за да се постигне тој екстра мазен ефект, а истовремено и да се сочува винтиџ ефектот на самата кожа.
Заради завршната восочната обработка оваа чанта можете и лесно да ја оджувате со нашиот специјален восок за одржување и чистење. Само поминете ја чантата со него и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.