На залиха
Нашата кожна женска чанта Aston е креирана за оние која бараат стилска, квалитетна и модерна чанта за секојдневието. Aston претставува одлична чанта за вашите дневни потреби бидејќи е практична, со широка главна преграда која нуди доволно простор за вашите основни работи како паричник, телефон, футрола за очила, шминки, слушалки и други помали работи. Во внатрешноста ќе најдете и дополнителен џеб за вашиот телефон како и преграда со патент за подобра огранизација на работите.
Со својот безвременски дизајн и висококвалитетен финиш, Aston е кожната чанта во која ќе уживате со години. Комбинацијата на стил, функционалност и издржливост ќе ја направи ваша незаменлива придружничка во текот на денот без разлика што правите и каде се движите.
Aston доаѓа со ремен кој е прилагодлив и лесно можете да го наместите на должината и стилот кој ви одговара во моментот, без разлика дали сакате да ја носите чантата преку рамо или попречно преку цело тело. Дополнително однадвор на предната и задната страна има уште по една преграда со патент во кои можете да чувате работи што сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака.
| Должина | 25cm |
|---|---|
| Ширина | 6cm |
| Висина | 20cm |
| Боја | Ocean Green |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Washed Waxed Pull Up Leather |
Оваа чанта е изработена од вискоквалитетна Washed – Waxed Pull-Up кожа. Овој тип на кожа е комбинација на две различни техники на изработка со цел на крај да се добие еластична текстура и екстра мека кожа на допир. По штевењето, чантата уште еднаш дополнително рачно се премачкува со природен восок за да се постигне тој екстра мазен ефект, а истовремено и да се сочува винтиџ ефектот на самата кожа.
Заради завршната восочната обработка оваа чанта можете и лесно да ја оджувате со нашиот специјален восок за одржување и чистење. Само поминете ја чантата со него и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.