Нема на залиха
Женската кожна чанта на The Chesterfield Brand – Belgrado e must have – ги комбинира најважните работи кај една чанта – компактност и функционалност со стил и елеганција. Без разлика дали одите на свечен настан, посебен ден, обичен ден на работа или пак само на прошетка низ град, оваа кожна чанта ќе биде вашиот совршен придружник. Со нејзе лесно ќе искомбинирате секаков аутфит без никаков проблем, а стилските детали на надворешноста на чантата ќе донесат дополнтелен шмек во вашиот излед.
Чантата ја карактеризира екстеремно практична главна преграда што се отвора со патент кој се протега до дното на чантата. Ова ви овозможува целосно да ја отворите чантата и да пристапите до вашите работи брзо и лесно.
Главната преграда е поделена со средна преграда со патент. Ова практично прави 3 посебни внатрешни прегради што ви нуди огромна практичност и слобода за организација во внатрешноста.
Внатре ќе најдете и различни џебови за помали предмети како што се вашиот телефон и клучеви, а исто така чантата си има и посебен засилен џеб за таблет. Вашите секојдневни работи како паричник, очила за сонце, шминки, шише со вода и слично без проблем ќе си го најдат своето место во големата пространост која ја нуди оваа неверојатна кожна чанта.
Однадвор чантата има џебови со патент од двете страни, а за дополнителна функционалност, чантата вклучува и ремен за количка, што ви овозможува безбедно да го прикачите Belgrado на вашиот куфер, правејќи ги вашите патувања полесни и поудобни!
| Должина | 32cm |
|---|---|
| Ширина | 11cm |
| Висина | 25cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.