Нема на залиха
Елегантната кожна чанта „Caroline“ е она што ви треба во секојдневието. Практична, компактна и модерна. Има две рачки за на рамо што се вадат по потреба и овозможуваат да ја носите на повеќе начини: попречно преку тело, преку рамо или како класична чанта! Едноставно идеална за секој ден.
| Должина | 25cm |
|---|---|
| Ширина | 7cm |
| Висина | 23cm |
| Боја | Lavander Lilac |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Washed Waxed Pull Up Leather |
Чантата доаѓа со една долга и една кратка рачка за на рамо. Долгата рачка е прилагодлива за да можете да ја носите чантата на саканата должина. Чантата има две пространи главни прегради кои се затвораат со патент, а во нив пак има по уште една преграда за одделување на вашите најбитни работи. Дополнително на предната страна има уште една преграда со патент. Таа е идеална за мали предмети како што се клучеви и слични работи. Доколку и ова не е доволно, на задната страна ќе забележите уште една мала преграда со патент.
Оваа чанта е изработена од вискоквалитетна Washed – Waxed Pull-Up кожа. Овој тип на кожа е комбинација на две различни техники на изработка со цел на крај да се добие еластична текстура и екстра мека кожа на допир. По штевењето, чантата уште еднаш дополнително рачно се премачкува со природен восок за да се постигне тој екстра мазен ефект, а истовремено и да се сочува винтиџ ефектот на самата кожа.
Заради завршната восочната обработка оваа чанта можете и лесно да ја оджувате со нашиот специјален восок за одржување и чистење. Само поминете ја чантата со него и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.