На залиха
Chili е преубава компактна кожна женска чанта со уникатен дизајн и изглед креирана за да остави посебен впечаток и да ве издвои од остантатите.
Има идеална големина со доволно простор за вашите основни работи. Уникатна е и по тоа што главната преграда е мудро конструирана така да стои широко отворена кога ќе ја отворите што е мошне корисно кога барате некои ситни работи низ чантата како што се на пример вашите клучеви. За дополнителна организација Chili има и дополнителни две пргради кои се затвараат со патент.
Можете да ја носите на два начина во зависност од тоа како ви одговара на стилот – во рака за цврстите елегантни рачки или преку рамо благодарение на дополнителниот ремен кој доаѓа со чантата кој можете и да го отстраните по потреба.
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 20cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Cow Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.