Чанта Женска Кожна Christie – Црна

7.350 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Запознајте ја Christie – супер стилска и модерна кожна чанта од нашата најнова колекција во чиј уникатен стил веднаш ќе се заљубите. Christie има идеални димензии за секојдневна употреба и нуди се што ви треба за модерен и организиран изглед преку целиот ден.

Главната прегада е паметно организирана и доволно пространа за да ги собере вашите најважни работи, а во внатрешноста ќе најдете и две дополнителни странични прегради, од кои една со сопствен патент и друга отворена за чување на работите кои сакате секогаш да ви се на дофат на рака како на пример мобилниот телефон или паричникот.

Christie доаѓа со две различни рачки, една пократка за преку рамо и една подолга прилагодлива рачка со која можете да ја носите чантата удобно преку цело тело на висината која ви одговара. Двете по потреба можат да се вадат и менуваат во зависност од тоа како ви одговара во моментот.

Со сите свои карактеристики Christie се прилагодува на вашето секојдневие и ви ја дава флексибилноста што ви треба во текот на денот. Совршена е и за денски прошетки и за вечерни излегувања – изборот како ќе ја комбинирате останува на вас!

Должина

23cm

Ширина

10cm

Висина

15cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Christie – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form