Чанта Женска Кожна Everglades – Коњак

8.590 ден со ДДВ

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Чантата Everglades има прилагодлива рачка за рамо. Тоа ја прави лесна за носење, без разлика дали претпочитате да ја носите преку целото тело или класично на рамо. Главната преграда се затвара со модерен и лесен преклоп кој што се заклучува со магнетно копче. Под него, има дополнителен патент за екстра сигурност, што гарантира дека вашите основни работи се добро заштитени. Внатре главната преграда се дели на уште два дела кои допринесуваат вашите предмети да бидат прегледни. Дополнително и предната и задната страна на чантата имаат по уште еден џеб со патент.

Everglades е разноврсна и модерна женска чанта, наменета за оние кои сакаат да изгледаат стилски, но и да бидат функционални додека се во движење. Оваа Chesterfield кожна чанта е совршена за кратко патување, денска прошетка или пак излегување.

Должина

26cm

Ширина

7cm

Висина

25cm

Боја

Коњак

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои што се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој што го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Everglades – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form