На залиха
Женска чанта во која има многу различни прегради и секогаш ќе ги имате вашите работи убаво подредени. Доколку претпочитате прегледност Faro е совршена за вас! Вашиот телефон, паричник и очила за сонце можат да имаат фиксно место по што ќе ви остане доволно простор за сите други лични работи!
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 7.5cm |
| Висина | 20cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Чантата Faro има пространа главна преграда во која има дополнителен џеб со патент како и џеб за паметен телефон. На предната и на задната страна на чантата ќе најдете и дополнителни џебови со патент. Ременот за рамо лесно се прилагодува, така што ќе можете удобно да го носите и да се чувстувате одлично.
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand затоа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата, туку се впиваат во порите. Ова на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.