Чанта Женска Кожна Hermosa – Црна

9.350 ден со ДДВ

Нема на залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Запознаје ја Hermosa, кожната женска чанта од The ​​Chesterfield Brand. Hermosa е елегантна, нежна и компактна чанта која е совршена и за секојдневна употреба и за стилски ноќни комбинации. Оваа преубава чанта од нашата колекција комбинира квалитет и функционална удобност. Благодарение на својот безвременски дизајн, совршено се вклопува во различни аутфити за различни пригоди. Hermosa може да ја надополнува и вашата деловна облека како и вашите полежерни комбинации.

Чантата однадвор ја красат две цврсти елегантни рачки за стилско носење во рака, како и дополнителен и по потреба отстранлив подолг ремен, кој е лесно прилагодлив на висината што ви одговара со што ви овозможува оваа чанта удобно да си ја носите и преку рамо.

Пространата главна преграда е поделена на три посебни дела, од кој средниот се затвора со сопствен патент. Во него имате и посебни прегради и организери за работи како на пример вашиот смартфон, клучеви и слично. Со самото тоа останатите две прегради ви остануваат слободни и за поголеми работи како некоја книга, мало шише вода, чадор и било што и да ви треба. Hermosa едноставно е тука да ви понуди простор и леснотија за секоја пригода.

Должина

26cm

Ширина

11cm

Висина

22.5cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Hermosa – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form