Чанта Женска Кожна Irving – Ocean Green

6.650 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Кожната чанта Irving е еден од нашите најнови модели и е задолжителна за секоја девојка која ги прати модените трендови. Оваа чанта ги комбинира безвременскиот дизајн со елегантен изглед и живи бои кои можете да ги комбинирате со вашите омилени аутфити. Без разлика дали е ден за на работа, излегувате навечер или одите на викенд патување, Irving секогаш ќе биде совршен избор. Неговиот практичен дизајн и паметен распоред ја прават идеална чанта за секоја пригода.

Изработката од 100% полнозрнеста кожа гарантира дека во оваа чанта ќе уживате долги години.

Она што ја прави Irving навистина посебна е нејзиниот распоред. Чантата има две главни прегради со патенти, што ви овозможува ефикасно да ги организирате вашите работи. Главните прегради нудат одличен простор за сите ваши основни предмети, како што се вашиот телефон, паричник, слушалки, футрола за очила, па дури и мали парчиња шминка. Благодарение на двата дополнителни џеба во секоја преграда, вклучувајќи отворен џеб и џеб со патент, можете да чувате сè одделено и лесно достапно на рака. Дополнително, однадвор на задната страна ќе најдете уште еден џеб со патент.

Irving доаѓа со два посебни отстранливи ремени за на рамо: еден краток за удобно носење на чантата преку рамо или рака и еден долг, прилагодлив ремен за носење преку цело тело.

Сите овие работи, стилскиот модерен дизајн и врвната изработка ја прават Irving совршена чанта за секоја пригода, ден и момент.

Должина

25cm

Ширина

5cm

Висина

15cm

Боја

Ocean Green

Пол

Женски

Тип на кожа

Washed Waxed Pull Up Leather

Оваа чанта е изработена од вискоквалитетна Washed – Waxed Pull-Up кожа. Овој тип на кожа е комбинација на две различни техники на изработка со цел на крај да се добие еластична текстура и екстра мека кожа на допир. По штевењето, чантата уште еднаш дополнително рачно се премачкува со природен восок за да се постигне тој екстра мазен ефект, а истовремено и да се сочува винтиџ ефектот на самата кожа.

Заради завршната восочната обработка оваа чанта можете и лесно да ја оджувате со нашиот специјален восок за одржување и чистење. Само поминете ја чантата со него и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за да го поттикнат вашиот успех. Изгледајте добро, чувствувајте се добро и почитувајте го сопствениот успех. The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Irving – Ocean Green”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form