Нема на залиха
Кожната чанта Nola од The Chesterfield Brand е чантата што ви треба кога сакате да шетате со стил и во исто време да ги чувате вашите работи добро организирани и на дофат на рака. Идеалена е за секоја пригода, без разлика дали се работи за денска прошетка, вечерно излегување или пак викенд авантура. Благодарение на безвременскиот дизајн и висококвалитетна изработка на Nola, во нејзе ќе можете да уживате со години.
Nola има супер распоред со две пространи главни прегради кои се затвараат со патент. Преградите се доволно големи за да ги носат сите ваши важни работи: тука ќе најдете место за вашиот телефон, паричник, клучеви, очила за сонце, книга, шминки и останати работи. Едната преграда има засилен дел за вашиот таблет и празен простор за работи по ваш избор. Во другата преграда ќе најдете и помали организери и џебови како на пример оној специјално направен за вашиот телефон.
Покрај двете цврсти рачки, Nola доаѓа со отстранлив и прилагодлив ремен за рамо за да можете да ја носите онака како што ви е удобно во моментот.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 14cm |
| Висина | 29cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.