Нема на залиха
Елегантната кожна чанта Passau од The Chesterfield Brand е идеална за денови кога носите многу работи со себе. Има стилски дизајн, лесно ќе се вклопи во секој ваш изглед, а ќе додаде и дополнителна елеганција и шмек на било која комбинација.
Passau има рачка за на рамо која е прилагодлива на висината која ви одговара, но исто така е и отстранлива доколку не ви е потребна. На овој начин, можете удобно да ја носите чантата преку рамо или попречно преку тело за поголема удобност.
Чантата се состои од три дела кои се суптилно вклопени во нејзиниот изглед. Првата и последната преграда имаат неколку посебни прегради и џебови за чување на вашиот телефон, паричник, очила, документи и слично. Средната преграда е засилена за да можете да носите мал лаптоп или таблет каде и да одите. На задната страна на чантата ќе најдете и уште една дополнителна преграда која се затвора со патент.
Каде вие ќе одите со Passau ?
| Должина | 37cm |
|---|---|
| Ширина | 13cm |
| Висина | 30cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.