Нема на залиха
Во кожната чанта Porlezza сте сигурни дека секогаш имате добро огранизиран придружник со себе. Изработена е од нашата заштитна Cow Wax Pull Up кожа која е вашата гаранција дека Porlezza ќе ве служи долги години.
Покрај елеганиот дизајн и врвниот квалитет на изработка, во внатрешноста на оваа кожна чанта ќе најдете и голем простор за сите предмети кои ви се потребни, па и непотребни во текот на денот. Сепак, благодарение на многуте внатрешни организери и џебови тие секогаш ќе бидат лесно прегледни и достапни. Внатрешноста вклучува и една засилена странична преграда каде можете да го сместите вашиот таблет на пример.
Дополнително, однадвор, ќе најдете по една суптилно креирана преграда на магнет и на предната и на задната страна на чантата за да можете да ги чувате работите кои сакате секогаш да ви се на дофат на рака.
| Должина | 31cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 26cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.