Нема на залиха
Hereford е кожниот паричник во кој ќе се заљубите поради неговиот модерен изглед, компактност, практичност и квалитет. Иако не е со големи димензии, Herefort има доста практични прегради во кои ќе можете да ги чувате парите и вашите најбитни работи. Има простор за книжни пари, 5 прегради за картички како и џеб за монети.
Овој парчиник е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е карактеристична по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го паричникот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.
| Должина | 8.5cm |
|---|---|
| Висина | 10.5cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Но, во нашиот случај е сместена во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.