На залиха
Кожниот паричник Positano од The Chesterfield Brand претставува комбинација на компактност и функционалност сместени во стилски паричник со луксузен изглед. Овој кожен паричник зафаќа малку место, но нуди изненадувачки доволно простор за сите ваши основни работи бидејќи се отвара во три дела.
Првиот дел има прегради за шест картички. Кога ќе го превртите овој дел, ќе најдете дополнителни прегради за уште три картички и џеб за монети. На горниот дел има две посебни прегради за книжни пари или сметки, а како и секој друг The Chesterfield Brand паричник е опремен со RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење пари и податоци од вашите картички.
| Должина | 11cm |
|---|---|
| Висина | 9.5cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Novum Series Vegetable Tanned |
Овој паричник е дел од најновата колкеција на The Chesterfield Brand – Novum Series. Претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу цврста но исто така и многу еластична и убава на допир. Финалната фаза е рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.