На залиха
Кожниот паричник Umbria комбинира компактност и функционалност сместени во стилски паричник со луксузен изглед. Достапен е во коњак, кафеава и црна боја и има стандардни димензии со што без проблем ќе го собере во вашиот џеб или чанта. Опремен е и со RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење пари и податоци од вашите картички.
Кога ќе го отворите паричникот, ќе видите три дела. Во првиот дел, има три прегради за картички и џеб за монети со копче. Отворете го другиот дел и таму ќе најдете дополнителни пргради за уште шест картички или документи. Во просторот за книжни пари има две посебни прегради за поголема прегледност на она што го имате внатре.
| Должина | 12.5cm |
|---|---|
| Висина | 9cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Novum Series Vegetable Tanned |
Овој паричник е дел од најновата колкеција на The Chesterfield Brand – Novum Series. Претставува највиско ниво на квалитет и луксуз кај кожните производи. За оваа колекција се користи само посебно избрана full grain кожа која поминува низ специјален процес на штавење. Потребна е голема експертиза и многу време и внимание при изработката за да се добие овој ексклузивен тип на кожа. На крајот се добива кожа која е многу цврста но исто така и многу еластична и убава на допир. Финалната фаза е рачно третирање на кожата со восок што му дава посебна длабока и богата боја на производот. Сите овие процеси и внимание на најситните детали создаваат луксузен финален производ со уникатен изглед и посебно чувство кога го држите во вашата рака.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.