На залиха
Vincent е екстра квалитетен кожен паричник од преубава Soft Nappa кожа кој и покрај својата суптилна и компактна големина ќе ги собере вашите најважни работи. Vincent овозможува голема удобност бидејќи без проблем го собира во секој џеб, без притоа да треба да ја жртвувате функционалноста.
Ова е паричник во кој ќе се заљубите не само поради неговите идеални димензии но исто така поради неговата неверојатна елеганција што може да ја даде само Soft Nappa кожата. Секој допир со овој тип на кожа е посебна приказна.
Во внатрешноста, покрај преграда за книжни пари ќе најдете простор за картички, ситни сметки и документи како и џеб со копче за монети. Секако, како и сите The Chesterfiled Brand кожни паричници, така и овој има вградена RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење на пари и податоци.
Овој производ е дел од колекцијата Soft Nappa. Nappa кожата е луксузна, врвна полнозрнеста кожа позната по својата неверојатно мека, мазна и еластична текстура неверојатно пријатна на допир. Овој висококвалитетен материјал е подложен само на минимална обработка, што му овозможува да го задржи својот природен изглед додека со текот на времето развива уникатна патина. Nappa-кожата е препознатлива по нејзината издржливост што ја прави идеален материјал за креација на нашите луксузни кожни паричници.
Благодарение на ситното зрно (структурата на влакната) и исклучителната отпорност на абење, Nappa кожата претставува совршена комбинација на елеганција и функционалност.
Овој производ е лесен за одржување со нашиот восок за кожа кој е производ и за чистење и за одржување во едно!
| Должина | 10.5cm |
|---|---|
| Висина | 8.5cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Машки |
| Тип на кожа | Nappa Leather |
Машките паричници на The Chesterfield Brand се одликуваат со модерен и елегантен дизајн и изглед. Направен од 100% висококвалитетна кожа која гарантира долгогодишно користење. Имаат доволен број различни прегради за да ги сместите сите ваши пари, картички и документи, а сепак тоа да изгледа елегантно и практично.
Сите паричници користат уникатна RFID технологија за заштита од бесконтатктно крадење пари. Во повеќето паричници таа е како мала метална плочка која носи своја тежина. Во нашиот случај, сместена е во самата кожа и е комплетно неприметна и без тежина.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.