Торба Машка За Рака Arona – Кафена

5.890 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Arona е совршена кожна чанта за рака во која ќе ги собере вашите основни работи. Оваа практична и компактна чанта од The ​​Chesterfield Brand комбинира удобност со стил и елеганција, што ја прави погодна за различни прилики и настани или пак како дополнување на вашиот секојдневен стил.

Главната преграда се затвора со патент и ви нуди доволно простор за вашиот телефон, паричник, картички, слушалки, клучеви и очила. Внатре во главната преграда ќе најдете и повеќе странични џебови за складирање, меѓу кои еден со патент и еден посебен за вашиот телефон за во секое време да имате идеален преглед и организација на вашите работи. Дополнително на предната и задната страна ќе најдете по уште еден џеб со патент за работите кои сакате секогаш да ви бидат на дофат на рака

Arona е достапна во коњак, црна и кафена боја.

Должина

21cm

Ширина

7cm

Висина

14cm

Боја

Кафена

Пол

Машки

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Торба Машка За Рака Arona – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form