Нема на залиха
Кожната женска чанта Estella е совршен избор за секој момент кога сте излезени од дома. Без разлика дали ви треба чанта за стилска бизнис комбинација за состаноци, обичен ден на работа или пак за кафе со пријателките, со Estella секогаш можете да ги понесете сите ваши неопходни работи – и тоа стилски и организирано.
Чантата ја карактеризираат две рачки на врвот што ви овозможуваат да ја носите на рамо или во рака, а дополнително има и подолг отстранлив и прилагодлив ремен кој што ви овозможува да ја наместите должината и да го изберете стилот на носење што најмногу ви одговара.
Во внатрешноста, просторниот главен дел под патентот е практично организиран со многу посебни внатрешни џебови и прегради, што гарантира дека ќе ги собере сите ваши важни работи уредно и прегледно.
Однадвор, на предната страна од чантата има широка и долга преграда со патент за дополнителни предмети, а на задната страна ќе најдете уште едеб практичен џеб со патент кој се протега по целата должина и е идеален за предмети што сакате да ги имате на брз дофат на раката.
Со својот елегантен дизајн, функционален распоред и стилски изглед Estella едноставно е чанта која ќе ви се најде за секоја пригода.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 9cm |
| Висина | 24cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.