Нема на залиха
Барате чанта што е истовремено практична, уникатна и стилска? Тоа е кожната чанта Fenno – со својот изглед и дизајн таа е создадена за секојдневна употреба – сигурна, удобна и доволно пространа за сè што ви е потребно во текот на денот.
Чантата е опремена со широки кожни ремени за рамо, кои овозможуваат удобно носење дури и кога носите подебела облека. Главната преграда се затвора со патент кој се протега по целата должина, овозможувајќи лесен пристап и сигурно чување на сите ваши работи. Благодарение на цврстата конструкција, чантата може стабилно да стои исправена кога ќе ја оставите.
Внатрешноста нуди доволно простор за сите секојдневни предмети – мобилен телефон, поголем паричник, клучеви, футрола за очила, козметика или ужинка. Дополнително, располага со повеќе внатрешни џебови, вклучувајќи џеб со патент и отворен џеб, идеални за помали предмети што сакате да ги чувате уредно и безбедно.
На задната страна се наоѓа дополнителен џеб со патент, практичен за работи што сакате да ви бидат лесно на дофат на рака.
Со својот функционален распоред, стабилна форма и суптилна елеганција, Fenno е чанта што лесно се вклопува во вашето секојдневие – практична, сигурна и со стил.
| Должина | 26cm |
|---|---|
| Ширина | 11cm |
| Висина | 16cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.