Нема на залиха
Кожната чанта Mumbai е совршениот модел доколку сакате сите работи кои ги носите да ви се на брз и лесен дофат на рака. Има идеална компактна големина во која ќе најдете доволно простор за сите вашите основни предмети како што се телефонот, паричникот, футролата за очила, слушалки и други лични предмети.
Покрај идеалните димензии, оваа чанта ја карактеризираат и неколку практични прегади кои нудат лесна прегледност на сите работи кои ги носите со вас. Во внатрешноста на главната преграда ќе најдете два внатрешни организери и џебови за предмети како што на пример е вашиот телефон. Однадвор има и 3 дополнителни прегради со патент, два на предната и еден за задната страна на чантата. Ова ви гарантира одлична организација без разлика колку ситници и да носите со вас.
Чантата доаѓа со ремен за рамо кој е лесно прилагодлив и можете да го наместите на должината и начинот кој ви одговара за носење.
| Должина | 23cm |
|---|---|
| Ширина | 6cm |
| Висина | 25cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand затоа што му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата, туку се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.