Чанта Женска Кожна Valmonte – Црна

10.650 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Кожната чанта Valmonte е неверојатно стилска и функционалнаенска чанта совршена за секојдневна и за деловна употреба. Оваа елегантна кожна чанта го нуди просторот и функционалноста што ви е потребна од вашата чанта во текот на денот. Благодарение на високиот квалитет и безвременскиот дизајн, Valmonte не само што ќе ве одвои од другите оставајќи силен впечаток, туку и ви помага да останете добро организирани преку цел ден. Каде вие би ја носеле Valmonte?

Valmonte е изработена од висококвалитетна 100% полнозрнеста кожа која однадвор ја карактеризираат две кратки рачки и дополнителен (по потреба) отстранлив, прилагодлив ремен за на рамо.

Просторната главна преграда се затвора со патент и е практично поделена на три дела. Тука има многу простор за сите ваши помалку и повеќе битни работи, како што се книга, футрола за очила, паричник, телефон, документи и останати предмети. Исто така, има посебен зајакнат џеб за безбедно чување на вашиот таблет. Средниот дел има дополнително сопствено затворање со патент и содржи неколку внатрешни џебови за чување на помали предмети како пенкала, картички, слушалки и телефон. Доколку се ова не беше доволно, на надворешната страна на чантата ќе забележите уште еден џеб со патент за безбедно чување на работете што сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака.

Должина

32cm

Ширина

10.5cm

Висина

25cm

Боја

Црна

Пол

Женски

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа чанта е направена од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штавењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Чанта Женска Кожна Valmonte – Црна”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form