На залиха
Кожен несесер со две прегради во кој ќе ги собере сите ваши работи на прегледен и уреден начин. Изработен е стилски, од висококвалитетна кожа, а во внатрешноста обложен со мазен синтетички материјал кој лесно се чисти. Двете прегради ги затвора цврст патент, а во десната преграда ќе најдете и уште еден дополнителен џеб за поситни работи. Сега е лесно со вас да ги понесете сите работи кои ви се потребни без да размислување дали ќе најдете место за се.
| Должина | 24cm |
|---|---|
| Ширина | 12cm |
| Висина | 14cm |
| Боја | Црна |
| Број на прегради | Две прегради |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој несесер е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Оваа кожа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете го производот со нашиот специјален восок за одржување и чистење и тој ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.