На залиха
Кожниот женски паричник Rimili е идеален за оние кои сакаат да носат повеќе работи, а бараат компактно и стилско решение. Овој кожен паричник на The Chesterfield Brand лесно се вклопува во мали чанти, а сепак нуди изненадувачки доволно простор за пари, картички и документи. Со својот елегантен и модерен дизајн, овој паричник не само што е практичен, туку е и вистински моден додаток.
Rimili има два главни прегради, што ви овозможуваат оптимална организација. Едната главна преграда се отвора со преклоп и има две копчиња за закопчување за поголема безбедност. Во оваа преграда има простор за дури шеснаесет картички и неколку џебови за банкноти, сметки и визитки. Другата главна преграда се затвора со патент и е поделена со дополителен џеб со патент. Од двете страни на овој џеб ќе најдете и дополнителни прегради за уште четири картички. Овој џеб, исто така, има доволно простор за ситни пари.
Како и сите останати паричници на The Chesterfield Brand така и овој е опремен со иноватвната RFID технологија за заштита од бесконтактно крадење на пари и податоци од вашите картички. На овој начин, секогаш сте безбедни, без притоа да треба да правите компромис со стилот или удобноста.
Овој паричник е изработен од висококвалитетна кожа од бивол (Buff Crumbled Leather) која има посебна текстура што и дава и посебен ефект на кожата и прави да изгледа како да има 2 различни нијанси. Овој тип на кожа со редовно користење станува само поубава со текот на времето.
| Должина | 12cm |
|---|---|
| Висина | 7.5cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Antique Buffalo Crumbled Leather |
Женските кожни паричници на The Chesterfield Brand се направени за вистинските шопохолици. Во нив ќе ги собере сите вашите пари, картички и документи. Направени се од 100% високо квалитетна кожа која ви гарантира долгогодишно користење и уживање во вашиот паричник.
Знаеме дека паричниците денеска не се само за чување на парите. Тие се дел од модниот стил на дамите па затоа во The Chesterfield Brand покрај квалитетот и функционалноста, посебно внимание посветуваме на изгледот и стилот на моделите. Сите паричници ги краси модерен и практичен дизајн кој на вашиот стил ќе му дадат дополнителна елеганција во секој момент.
Дополнително, за заштита од бесконтактно крадење на вашите пари, секој паричник е опремен со уникатна RFID технологија која е сместена во тенок слој во самата кожа комплетно неприметна на надворешниот изглед на паричникот.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.