Нема на залиха
Одите некаде подалеку? На подолг одмор или викенд патување? И сакате тоа да биде со стил?
Кожната патна торба Portsmouth треба да биде вашиот избор за патувањето! Оваа кожна патна торба има идеални димензии (53*28*29 cm) и капацитет од над 43 литри. Ова значи дека нема да треба да бирате што да земете, а што да оставите бидејќи Portsmouth ќе ги собере сите ваши најважни работи!
Доволно е голема за неколку комплета чевли, облека и јакни. Овој ваш придружник за патување дополнително има повеќе внатрешни џебови со патент, прилагодлив ремен за рамо и обложени рачки за дополнителна удобност при носењето.
| Должина | 53cm |
|---|---|
| Ширина | 28cm |
| Висина | 29cm |
| Боја | Црна |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.