Патна Торба Кожна Volenza – Кафена

14.990 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Планирате кратка авантура или викенд патување? Тогаш патната торба Volenza е идеален избор за вас!  Volenza е кожна патна торба која е компактна, практична, стилска и создадена да биде ваш елегантен и сигурен придружник во секоја авантура.

Со капацитет од 35 литри, оваа торба нуди доволно простор за сè што ви е потребно за кратко патување, а воедно е погодна и како рачен багаж кај повеќето авиокомпании.

 

Главната преграда се затвора со патент и овозможува лесен преглед и организација на вашите работи. Внатрешноста располага со два отворени џеба и еден џеб со патент – идеални за паричник, мобилен телефон, клучеви и други помали предмети. Дополнително, на предната и задната страна се наоѓаат џебови со патент – практични за работи што сакате да ви бидат на брз дофат на рака.

 

Volenza доаѓа со прилагодлив и отстранлив ремен за рамо, овозможувајќи флексибилност при носење, додека широките рачки обезбедуваат удобност дури и кога торбата е наполнета.

Изработена од 100% полнозрнеста кожа, оваа патна торба нуди комбинација од издржливост, функционалност и безвременски изглед.

Со својот префинет изглед и практична организација, Volenza е торба што лесно се вклопува во вашиот ритам и го подигнува вашиот стил едно ниво погоре.

Должина

46cm

Ширина

27cm

Висина

28cm

Боја

Кафена

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа торба е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Патна Торба Кожна Volenza – Кафена”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form