Нема на залиха
Запознајте го Lennox – кожниот ранец кој нуди совршен баланс помеѓу стил, функционалност и удобност. Без разлика дали одите на работа, состанок или патување, овој ранец е создаден да ве следи во секоја ситуација – организирано, сигурно и со стил.
Lennox се издвојува со својата паметно организирана внатрешност и голем капацитет. Ранецот располага со две главни прегради со патент. Предната преграда е практично организирана со посебни места за мобилен телефон, четири картички и три пенкала, како и доволно простор за бележник, кутија за ручек и други секојдневни предмети.
Задната преграда е опремена со засилена преграда за лаптоп до 15 инчи, која обезбедува сигурност и заштита при носење.
Од надворешната страна, Lennox нуди уште повеќе практичност. На предната страна има два џеба со патент, додека на страните се наоѓаат уште два дополнителни џеба – сите идеални за предмети што сакате да ви бидат лесно достапни. На задната страна има дополнителен “скриен” џеб со патент, идеален за чување на вредни предмети како пасош или други важни документи што сакате да ги чувате на сигурно.
Lennox е и идеален избор за патување. Практичната лента за закачување на куфер дефинитино ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не морате да ја носите целата тежина на вашиот грб.
Удобноста на овој ранец како и кај сите производи на The Chesterfield Brand е на високо ниво. Грбот на ранецот како и прерамките за носење на грб се обложени со мек материјал и овозможуваат удобно носење и поголем комфор дури и кога ранецот е полн.
Дополнително, цврстата рачка овозможува лесно носење и во рака.
Изработен од висококвалитетна wax pull-up кожа, овој кожен ранец се одликува со природна текстура, мекост и издржливост, при што со текот на времето добива уште поубав изглед и карактер. Lennox е ранец што лесно се вклопува во вашиот стил – практичен, сигурен и со префинет изглед.
| Должина | 31cm |
|---|---|
| Ширина | 13cm |
| Висина | 42cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа чанта е направена од висококвалитетна Cow Wax Pull Up кожа. Cow Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.