Нема на залиха
Savona е стилски, уникатен и функционален кожен ранец од The Chesterfield Brand погоден за различни пригоди. Доволно e елегантен за работни денови и деловни состаноци, а воедно доволно урбан за патувања. Со својот современ, урбан дизајн и внимателно осмислена внатрешна организација, овој ранец овозможува сите ваши работи да ги носите удобно, безбедно и со стил.
Ранецот е составен од два дела. Главната преграда со преклоп се отвора и затвора со иновативната FidLock® магнетна кука, под која за поголема сигурност има и дополнителен патент. Овој паметен систем нуди дополнителна сигурност, практичност и заштеда на време – идеално решение за секојдневна употреба во движење.
Патентот на главната преграда се протега по целата страна што ви овозможува целосно отворање и јасен преглед на содржината внатре. Внатрешноста располага со повеќе практични прегради за пенкала, мобилен телефон и други помали предмети, како и внатрешен џеб со патент за побезбедно чување.
На задната страна се наоѓа посебна засилена преграда за лаптоп или таблет до 15 инчи, обложена со мек, заштитен материјал кој обезбедува стабилност и дополнителна сигурност при носење.
Широките прерамки и целосно обложениот заден дел овозможуваат висок степен на удобност, дури и при подолга употреба, а кога ќе одите на пат, лентата за закачување на куфер значително ќе ви го олесни патувањето и ќе ви помогне да не морате да ја носите целата тежина на вашиот грб.
Дополнително, на страната на ранецот има и надворешен џеб со патент, практичен за предмети што сакате да ви бидат на брз дофат на рака.Со својот чист изглед, паметни детали и дискретен луксуз, Savona е ранец што совршено го следи вашиот ритам – сигурен, удобен и со префинет стил.
| Должина | 30cm |
|---|---|
| Ширина | 14cm |
| Висина | 40cm |
| Боја | Коњак |
| Пол | Унисекс |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој кожен ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед , уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.