На залиха
Барате кожен ранец што ќе ви помогне секојдневието да ви биде уредно и организирано? Нашиот ранец Floran е создаден токму за таа цел. Овој стилски кожен ранец комбинира компактни димензии со изненадувачки многу простор и паметно распоредена внатрешност, за секогаш точно да знаете каде се наоѓа секоја ваша работа.
Пространата главна преграда се отвора целосно благодарение на патентите кои се протегаат по целата должина, овозможувајќи лесен пристап до дното и сите агли на ранецот. Внатре се наоѓа практична преграда која го дели просторот на два дела: од едната страна има место за шише вода, помал таблет, книга или футрола за очила, додека од другата страна се сместени практични џебови за картички, пенкала и мобилен телефон. Доколку носите и дополнителен паричник или клучеви, ранецот има и внатрешен џеб со патент за безбедно чување.
На предната и задната страна на овој ранец ќе најдете и дополнителни џебови со патент, идеални за предмети што сакате да ви бидат на брз дофат на рака во текот на денот.
Прилагодливите прерамки овозможуваат удобно носење, додека цврстата рачка на горниот дел ви овозможува лесно да го закачите или пренесете ранецот кога е потребно.
Со својот чист изглед, практична организација и компактна форма, Floran е ранец што лесно се вклопува во секојдневниот ритам – функционален, уреден и со стил.
| Должина | 24cm |
|---|---|
| Ширина | 10cm |
| Висина | 29cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Овој кожен женски ранец е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
Со редовна употреба Wax Pull Up кожата станува само поубава и добива свој карактер и уникатност. Конечно се постигнува тој винтиџ ефект кај кожата кој сите го обожаваат. Доколку пак не сте фан на овој изглед, уште една предност на восочниот третман е што таа многу лесно може да се одржува и сите знаци на употреба лесно може да се избришат. Само поминете ја чантата со нашиот специјален восок за одржување и чистење и таа ќе си го врати стариот сјај.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.