Торба За Лаптоп Кожна Frazer – Коњак

13.290 ден со ДДВ

На залиха

Waitlist
Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Кожната лаптоп бизнис торба Frazer од The ​​Chesterfield Brand е идеално професионално решение за модерниот деловен маж. Во Frazer, добивате безвременска класика со ексклузивен изглед. Внатре ќе најдете простор за вашите неопходни работи со што во едно го комбинираме стилот со беспрекорната организација. Оваа кожна бизнис чанта е креирана за лесно да се носи со деловните предизвици.

Торбата се состои од две главни прегради на патент. Едната главна преграда вклучува зајакнат предел за лаптоп до 15 инчи. Дополнително, тука ќе остане простор и за вашата документација. Другата главна преграда има патент што се протега до дното на торбата што го прави секој предмет лесно достапен кога се отвора. Тука ќе најдете и различни внатрешни џебови и организери за работи како што се пенкала, картички, вашиот телефон и останати помали предмети. Има и доволно простор да си го понесете и вашиот ручек, шише со вода и сл.

Frazer доаѓа со горни фиксирани рачки, како и прилагодлив и по потреба лесно отстранлив долг ремен за рамо. Ова ви овозможува удобност да ја носите чантата според вашата желба во моментот!

Надворешноста на чантата има два дополнителни џебови со патент еден од предната и еден од задната страна, а дополнително ќе најдете и ремен за прицврстување на торбата за куфер или количка што дефинитигно ќе ви го олесни товарот на секое патување.

Должина

38cm

Ширина

10cm

Висина

29cm

Боја

Коњак

Пол

Унисекс

Тип на кожа

Wax Pull Up Leather

Оваа торба е направен од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.

The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!

Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.

Рецензии

Сеуште нема рецензии.

Бидете први кои ќе рецензирате “Торба За Лаптоп Кожна Frazer – Коњак”

Кошничка

×

Нема продукти во Кошничката.

Додајте уште 2.000 ден во кошничката за бесплатна достава!

Добивајте известувања за промоции

Претплатете се на нашиот билтен и бидете први што ќе ги добивате нашите новости и промоции

Subscription Form