Нема на залиха
Ова е бизнис лаптоп торбата Levanto. Унисекс торба со минималистички но екстремно елегантен дизајн кој ќе ве издвои на деловните состанови, а истовремено доволно практична и голема за вашите секојдневни работни потреби.
Оваа кожна торба за лаптоп од брендот The Chesterfield е совршен придружник за вашите работни денови и деловни состаноци. Не само што е функционална поради практичниот дизајн, туку и е стилска за професионален изглед.
Внатрешноста на оваа лаптоп торба е неверојатно функционална. Главната преграда е паметно поделена на два посебни дела со средна преграда на патент. Од едната страна ќе најдете засилена преграда за лаптоп до 14 инчи, додека од другата ќе најдете повеќе различни џебови за предмети како телефонот, пенкалата, картичките и останати помали работи. Средната преграда со патент можете да ја искористите за предмети кои не сакате да ви бегаат низ чантата и сакате секогаш да ви се на брз дофат на рака. Карактеристично за оваа кожна торба е и тоа што главниот патент се отвара целосно, до доле што дава огромна прегледност на се што имате во внатрешноста.
Levanto доаѓа со елегантни горни рачки за носење во рака, како и прилагодлив и по потреба лесно отстранлив ремен за рамо. Ова ви овозможува удобност да ја носите чантата според вашата желба во моментот! Надворешноста на чантата има два дополнителни џебови со патент, еден од предната и еден од задната страна, а дополнително ќе најдете и ремен за прицврстување на торбата за куфер или количка што дефинитигно ќе ви го олесни товарот на секое патување.
| Должина | 40cm |
|---|---|
| Ширина | 9cm |
| Висина | 31cm |
| Боја | Кафена |
| Пол | Женски |
| Тип на кожа | Wax Pull Up Leather |
Оваа торба е направенa од висококвалитетна Wax Pull Up кожа. Wax Pull Up кожата е најчесто користениот тип на кожа во The Chesterfield Brand. Таа му дава еден прекрасен ефект на производот. Карактеристична е по својата мека и еластична текстура и длабока богата боја. Зошто е тоа така? По штевењето и пресувањето, кожата рачно се бои со природни масла и восоци наместо како кај повеќето други производи на пазарот кои користат вештачки бои и пигменти. Овој начин гарантира дека боите кои се нанесуваат не остануваат на кожата. Тие се впиваат во порите, што на крајот резултира со природен изглед на кожата. Со овој завршен восочен третман што го добива кожата, наместо со прскање, создаваме издржлив производ кој го задржува својот квалитет и боја со години.
The Chesterfield Brand производите се направени за индивидуалци кои бараат нешто уникатно и импресивно и кога станува збор за стил, квалитет и издржливост – го прифаќаат само најдоброто!
Изгледајте добро, чувствувајте се добро и ценете го сопствениот успех – The Chesterfield Brand ќе ве следи во чекор.
Мора да сте најавени за да објавите рецензија.
Рецензии
Сеуште нема рецензии.